Ова е вкусен и обилен оброк кој за време на постите добро ни доаѓа.

Доколку немате идеја за појадок или вечера за време на постот, оваа брза и едноставна пита со праз е вистински избор, а притоа нема да морате да поминете многу време во кујната до шпоретот.

Малку е поинаква од останатите кои досега ѓи имате пробано,а празот и дава посебено убав вкус.

Состојки:

1. 250 грама пченкарно брашно 2. 250 грама пченично брашно 3. 1 кесичка прашок за пециво 4. 2 чаши кисела вода 5. 1/2 чаша масло 6. 2 главици праз сол и црн пипер по вкус

Подготовка :

Белиот дел од празот ситно исецкајте го и пропржете го на зејтин, а зелениот оставете го настрана. Во подлабок сад ставете ѓи пченичното и пченкарното брашно,додајдете го прашокот за пециво,киселата вода, маслото, сол пипер, па се добро измешајте. Во ова додајдете го пржениот праз па со мешање изедначете ја смесата.

Во подмачкано округло тавче истурете ја смесата и ставете го во загреана рерна на 200 степени. Питата печете ја 20 минути. За тоа време зелените делови од празот исечкајте ѓи на кругови. Извадете ја питата од рерна посипете ја со исецканиот праз и вратете ја повторно да се пече уште 10 минути.

Питата извадете ја од рерна, исечете ја на парчиња со саканата големина и топла послужет ја.

Добар апетит.

By Author