Наутро нема ништо подобро од шоља добар ароматичен чај. Овој пат ви откриваме рецепт за зачудувачки добар чај од брусница! Се надеваме дека ќе го испробате, празниците се вистинска прилика за тоа.

Состојки(1литар):

-100 гр брусница
-1 лажичка шеќер
-сок од 1 лимон
-сок од 1 портокал
-1 лажичка каранфилче
-1 мало стапче цимет

Подготовка:

  1. Во поголемо тенџере ставете 1 литар вода и се додаваа брусницата.
  2. Почекајте водата да зоврие и варете на средна топлина 30 минути.
  3. На крајот додадете ги сите преостанати состојки.
  4. Покријте и оставете да отстои еден час, па послужете во чаши.

Тоа е толку едноставно,а толку вкусно и здраво!

Брусницата содржи минерали, витамини А, Ц и Б, калиум, растителни влакна и омега 3 масни киселини, а нејзиното редовно конзумирање може да спречи или намали инфекции на уринарниот тракт. Биофлавоноидите кои ги содржи делуваат антибактериски, уништувајќи ги штетните бактерии во телото.

By Author