Легендарниот пејач и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина вчера, 22 јануари, на 67-годишна возраст, а зад себе остави бројни хитови и три деца.

Синот на Аки, Кристијан Рахимовски, се прости од својот татко на Инстаграм со потресна и емотивна порака и нивната стара заедничка фотографија.

„Татко, прерано ме остави. Премногу рано. Луѓето велат дека Бог така сакал. Повеќе личевме на песна отколку на зборови, не знаеше поинаку, не знаеше како да се симнеш од таа сцена во главата, па ти пријдов само со песна. И можевме да направиме многу повеќе татко мој. Боли неописливо“, ја започна Крисијан објавата и продолжи:

„Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе, во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно. Луѓето знаеја се за нас, а не знаеја ништо. Ти и јас знаевме. Ни недостигаш на сите, ни недостигаш“.

Татко мој, одмори сега, па рокни се горе со екипата. Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, повици… И вам тој ви значеше затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко мојо ми рече пред неколку дена: “Син и јас те сакаме, да бегај таму и ќе се видиме”. Се гледаме тато еден ден. Здраво тато, те сакам тато. Се гледаме” напиша синот на Аки.

By Author