Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ денеска стана татко.

Имено, неговата сопруга Сашка Веселинов родила син кој го нарекле Александар. По тој повод семејството Ѓоковиќ најпрвин се собра во ресторанот „Новак“, а потоа прославата ја продолжија во вилата во Рума, каде гостите ги забавуваше Александра Пријовиќ.

Тие на самиот почеток на прославата традиционално ја искинаа мајцата на новопечениот татко Ѓорѓе, а судејќи по објавите на социјалните мрежи владее одлична атмосфера.

Ѓоковиќ се потрудил денешниот ден да му биде потчинет на малиот Александар, а на влезот од куќата имало букви од неговото име и балони во боја на српското знаме.

Како што ги носеше атмосферата, во еден момент најдобриот тенисер на светот заедно со еден од гостите го подигнаа Срѓан Ѓоковиќ, кој го има ова трето внуче.

By Author