Главна активна материја на куркумата е полифенол куркуминот, кој има антиоксидативно дејство и против воспалително, исто така покажува и антивирусни и антитуморски својства.
Куркумата ја потикнува работата на ензимите на танкото црево кој ѓи разградуваат шеќерите и мастите, затоа чајот од куркума е одличен. Тој ја потикнува активноста на ензимите на панкреасот кој учествува во метаболизмот на хранливите материи, го забрзува лачењето во жолчката, а со тоа и метаболизмот на мастите. Делува против рак на желудник, простата и дебелото црево. Куркумата го јакне здравјето на желудникот и танкото црево.
Точно поради овие позитивни својства чајот од куркума се препорачува кај подуеност, гастритис, и друѓи проблеми со прехранбениот систем.
Како да направите чај од куркума
Чајот го подготвувате така што една лажичка куркума ќе ја прелиете со 150 мл зовриена вода. Поклопете го и оставете да одстои 15 минути. Процедете и по желба додадете мед и лимон.
Пијте два пати дневно по една шоља.
После две недели направете пауза.