Полициски службеници од П.С Велес синоќа фатиле сторител на извршување на кривично дело кражба, кој при приведување ги нападнал и им нанел телесни повреди. МВР објави детали за инцидентот, кој се случил во близина на зградата на Повардарска Епархија.
„На 29 октомври во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А. Д. (20) од Велес кој бил затекнат при вршење на кривичното дело кражба во куќа на улицата Ѓоре Органџиев, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници“, соопшти портпаролот на МВР.
Двајцата полициски службеници по приведувањето на сторителот побарале лекарска помош во општа болница Велес. Истите имале повреди во вид на црврнило (хематоми) во пределот на лицето од здобиените удари.
„Околу полноќ, двајца полициски службеници побарале лекарска помош на хируршкото одделение. Дваесет годишникот има лесни повреди на лицето и шаката, исто како и неговиот 25-годишен колега. Немаат тешки телесни повреди и се пуштени на домашна лекување“, кажа д-р Елена Левкова-Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
Од СВР Велес додаваат дека по целосното документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.