Пејачката Бритни Спирс наводно доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес во петокот вечерта, поради што дури и нејзиниот сопруг Сем Ашгари го напуштил ресторанот.

Луѓето кои биле сведоци на инцидентот за TMZ изјавиле дека поп ѕвездата изгледала „манично“ и почнала да зборува глупости.

Очигледно ја вознемирило тоа што посетителите во ресторанот почнале да ја снимаат. На видеото кое го објави TMZ, се гледа како пејачката се обидува да го покрие лицето од камерата со мени.

Изворите тврдат дека 28-годишниот Ашгари бил „видливо вознемирен“ и дека „излегол“ од ресторанот без сопругата. Само две минути подоцна, Спирс излезе сама, а нејзиниот телохранител ја платил сметката.

Бритни се бореше со проблеми со менталното здравје, особено поради фактот што нејзиниот татко управуваше со нејзиниот имот тринаесет години. Наводно и е дијагностицирано биполарно растројство, но на социјалните мрежи и на суд тврдеше дека против нејзина волја била задржана во установа за ментално здравје и принудена да зема лекови.

По инцидентот во ресторанот, Бритни на својот Инстаграм профил објави двосмислена порака која гласи: „Ми рекоа дека не можам, па го направив тоа!“

By Author