Конечно, широките панталони повторно се враќаат
По долгото владеење на панталоните кои целосно го истакнуваат обликот на нозете, на модната сцена се вратија моделите со широки ногавици. Со оглед на тоа што имаат и висок струк, внесоа примеси на елеганција во секојдневното облекување, но и дух на минатите времиња. Тоа е она што им е заедничко.
Сепак, постојат стотици варијации на „дадената тема“. На пример, забележливи се моделите кои ја допираат земјата, но и оние со таканаречена должина од седум осмини, односно од кои се добива впечаток дека се малку се скусени и најдобро им одговараат на многу високите девојки.
Со широки панталони се носат шпиц чевли, никогаш со патка!
Во боите доминираат природните тонови, од сенф до портокалова. Што се однесува до дезенот, најзастапени се пепито и каро, а за поформални прилики можете да изберете еднобојни панталони, но од брокат, со релјефна дезен или со паспул долж ногавиците, во некоја од контрастните бои.
А за целосно да го почитувате трендот, носете малку шпицести, рамни чевли со врвки или со украсна метална тока со широки панталони.