Доколку размислувате што би можеле да подготвите за ручек денес, вие сте на вистинската адреса. Рецептот што го избравме е лесен и брз за подготовка, но во исто време и вкусен, особено ако сте љубител на сирење. Сè што треба да направите е да ги запишете состојките и да подготвите што ви треба.
За 4 лица:
700 гр карфиол
2 јајца
120 гр кисела павлака
1 дл млеко
100 гр рендан пармезан
половина лажица путер
половина кафена лажичка морско оревче
со и бибер по вкус
Подготовка:
- Карфиолот исчистете го и измијте го и поделете го на цветови. Гответе го во зовриена солена вода околу 10 минути, а потоа добро исцедете го.
- Во еден сад измешајте ги јајцата, млекото, 2/3 рендан пармезан и павлаката. На крај додадете сол, бибер и морско оревче.
- Тавата премачкајте ја со путер и во неа ставете ги сварените цветови од карфиол. Прелијте ја смесата од садот. Посипете со остатокот од пармезанот и печете околу 30 минути на 180 ° C.
- Јадењето е подготвено за послужување, со додаток по ваш избор или самостојно.