Рома ја прекина продажбата на билети за следните три домашни натпревари, во очекување на одлуката на италијанската влада да го ограничи бројот на гледачи поради пандемијата на коронавирус.
Според италијанските медиуми, римскиот клуб ја прекинал продажбата на билети за натпреварите против Јувентус, Каљари и Лече.
Се наведува и дека тамошната Влада ќе донесе одлука за намалување на капацитетот на стадионот на 50 отсто, откако во средата речиси 100.000 луѓе беа позитивни на коронавирус.
Првиот натпревар Рома во 2022 година ќе го одигра на 6 јануари против Милан, а три дена подоцна ќе го пречека Јувентус во 21. коло од Серија А.
Тимот од Рим го зазема шестото место во Серија А со 32 бода.