Ново истражување рангираше 173 места во светот врз основа на здравствената заштита, политичката стабилност и пристапот до зелените површини.
Барате нов почеток? Место надвор од границите на нашата држава во кое би се населиле? Во ова може да помогне студија на Economist Intelligence Unit (EIU) која покажува листа на најдобри градови за живеење за 2022 година. Во играта имаше 173 градови, кои беа рангирани, меѓу другото, врз основа на здравствената заштита, политичката стабилност, инфраструктурата и пристапот до зелените површини.
Излегува дека идеалното место за живеење е поблиску отколку што мислиме. Тоа е Виена, главниот град на Австрија.
Овој град е пофален за исклучително добрата инфраструктура, одличната здравствена заштита и богатата понуда на култура и забава, пишува магазинот TimeOut.
Европа всушност доминира на врвот на оваа листа со Копенхаген и Цирих на второто и третото место (политичката стабилност и силните образовни системи очигледно придонесоа во двата случаи). Меѓу првите 10 градови се Женева, Франкфурт и Амстердам.
На оваа листа добро се рангира и Канада со Калгари, Ванкувер и Торонто во топ 10.
Во исто време, авторите го оправдаа отсуството на Лондон и Париз со зголемените трошоци за живот. За отсуството на градовите од Велика Британија како извор на политичка нестабилност ја наведоа одлуката за напуштање на ЕУ.
Кон дното на листата, Дамаск, Лагос и Триполи се таму поради тековните конфликти, додека Киев не беше вклучен оваа година поради војната во Украина.
Десете градови во светот кои се најдобри за живеење
- Виена, Австрија
- Копенхаген, Данска
- Цирих, Швајцарија
- Калгари, Канада
- Ванкувер, Канада
- Женева, Швајцарија
- Франкфурт, Германија
- Торонто, Канада
- Амстердам, Холандија
- Осака, Јапонија и Мелбурн, Австралија (изедначено)
Америка очигледно го губи приматот на земја од соништата, европските градови очигледно нудат многу подобри услови за живеење.