Добро познато медицинско правило е дека штом ќе почнеме да губиме коса или да предизвикаме оштетување на нашиот скалп, што дополнително предизвикува оштетување на фоликулите на косата, тоа често може да биде неповратно.
Дерматолозите открија четири работи кои не смееме да ги правиме доколку сакаме да го зачуваме здравиот изглед и убавина на нашата коса.
- Зачестено миење на косата
Клучот, како и во сè, лежи во рамнотежата. Имено, пречестото миење на косата и преретко предизвикува оштетување.
Оние со мрсна коса дефинитивно треба почесто да ја мијат, но доколку забележите дека врвовите ви се многу скршени, тоа може да биде последица на претераното миење.
Исто така, ако имате сува коса и чешање на скалпот, ова може да биде знак на пречесто миење.
- Грубо миење на косата и погрешен избор на шампон
Ако премногу грубо ги триете прамените, ризикувате да ја искинете косата.
Важно е да внимавате какви производи користите, важно е шампоните да не содржат парфеми и да имаат добра pH вредност. Колку помалку состојки содржат, толку подобро.
- Фризури
Плетенките, тесните репчиња и пунџите изгледаат прекрасно, но често може да предизвикаат неповратна штета.
– Тоа ја повлекува косата од нејзиниот корен. Прогресивното повлекување на крајот доведува до алопеција со лузни или трајно, неповратно губење на косата. Луѓето мислат дека добиваат генетски залисци и „не собираатт два и два “ – вели д-р Лук Максфилд, а пренесува „TheSun“.
- Топлина
Експертите препорачуваат во лето да ја оставиме косата да се исуши природно, без да користиме фен, а во зима да користиме препарати кои ја штитат косата од топлина.
Иако локните или совршено правата коса се привлечни за окото, штетата предизвикана од користење на фигаро за виткање, преси или пегли може да биде голема.