Некои растенија го прочистуваат воздухот и ги отстрануваат токсините, додека други помагаат да се опуштите и полесно да заспиете. Еве некои од најдобрите растенија за вашата спална соба.
- Бршлен
Веројатно сте навикнати да го гледате надвор, како се качува по ѕидови, но ова растение е одлично за спалната соба. Ги отстранува токсините од воздухот, а единствената мана е што е отровен, па затоа не е најдобар избор доколку имате домашни миленици. - Јасмин
Елегантниот јасмин ќе ја исполни вашата соба со дискретен, пријатен мирис кој има релаксирачки ефект и ви помага да заспиете. Според едно истражување, јасминот го подобрува расположението и ви помага да спиете поефикасно. - Алое вера
Ги отстранува токсините од воздухот и ослободува кислород во текот на ноќта, што го прави идеален за спалната соба. - Потос
Веќе многу е кажано за тоа колку потосот е вреден кога станува збор за отстранување на токсините и штетното зрачење. Расте и во услови на намалена светлина. Недостаток му е што е отровен за кучињата и мачките, но затоа, ако имате аквариум во вашата спална соба, можете да го оставите да расте од водата бидејќи одлично ја чисти водата ѓи апсорбира нитрати. - Гарденија
Студијата на Универзитетот Кансаи открива дека кроцетинот, супстанца која се наоѓа во гарденијата, може да ви помогне полесно да заспиете. Неговиот дискретен мирис е и релаксирачки, па затоа е идеален за спалната соба.