КИЕВ, 1 јануари, стапи на сила забраната за пристап на товарни бродови на Руската Федерација до внатрешните води на Украина. Соодветната норма на законот „За внатрешен воден транспорт“, усвоен од Врховната Рада на 3 декември 2020 година, почнува да функционира во саботата.
Како што се наведува, станува збор за закон кој Украинската Рада го донесе на 3 декември 2020 година, а се однесува на сите бродови кои движат под руско знаме.
„Бродовите што пловат под знамето на државата агресор повеќе нема да можат да превезуваат патници или стоки бидејќи нема да имаат пристап до морските или речните пристаништа“, се наведува на порталот на украинскиот парламент.
Тоа значи дека оваа забрана освен за Црното и Азовското Море важи и за реките како што се Днестар, Днепар, Дунав и други.
Покрај тоа, новиот закон им забранува на сите руски граѓани да ги регистрираат своите бродови на територијата на Украина.
Сепак, руските медиуми потсетуваат дека Кремљ во неколку наврати нагласи дека на никаков начин не е вклучен во ситуацијата во врска со граѓанската војна во југоисточна Украина и дека е заинтересиран за решавање на сите прашања со Киев кога е во прашање политичката и економската криза.
извор ТАСС