Деновиве Наташа Беквалац имаше забележителен настап во еден од клубовите во Белград. Беквалчева на настапот пристигнала во свој стил, во храбра и провокативна комбинација која никој не го остава рамнодушен.

Таа својата витка, ситна фигура ја истакнала со впечатлив анимал принт од глава до пети, комплет миди суќна пенсил крој и боди со леопард дезен,но тука не завршила-сите детали на неа биле во ист стил.

Имено “малечката” појавата ја потполнила со впечатливи леопард нараквици над лактовите, шешир со истата шара и мрежести чарапи во боја на кожата.

Кога се качила на бината таа ја тргнала сукната и останала само во бодито како не би и пречела слободно да се движи и игра. Екстремно долгиот реп кој што е една од попопуларните фризури сезонава го надополни стајлингот на новосадската барбика.

By Author