Донирани вакцини, донирана опрема за гранична полиција, донација во против пожарната единица.

Последна во низата е донацијата од Обединетот Кралство. Вчера амбасадорката Ричар Галовеј во скопската касарна Ѓорче Петров на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и ја предаде британската донација. Донацијата е наменета за лесната пешадиската баталјонска група и за специјалните сили за НАТО операции. Таа се состои од 4000 парчиња: два типа на вреќи за спиење, едни за 3 сезони, други летни со мрежа за заштита од инсекти, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци, резервни потпорни шипки.

Според министерката Шекеринска, овој настан покажува колку е битно да имате план и да го спроведувате и имате сојузници кои ви помагаат во реализацијата. Помошта од Обединетото Кралство во поглед на нашите армиски и одбрамбени реформи, е многу значајна и таа подршка продолжува со голема инвестиција во тренингот на нашите луѓе на различи нивоа, потенцира министерката.

Народот на Македонија е благодарен за донациите и за соработката, но би било убаво владите да најдат пари за опрема во здраството, полицијата, одбранат6а… не само за службени возила. Можеби некогаш може да се земе пример од некој скандинавски земји каде владините службеници одат со јавен превоз.
Во секој случај благодарност до сите земји кој донирале нешто за Македонија.

By Author