Сакајќи да ја оживее својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители до 200 евра доколку летово останат на медитеранскиот остров најмалку три дена, изјави денеска министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Бартоло рече дека туристите кои ќе резервираат сместување во хотел со пет ѕвезди ќе добијат 100 евра од туристичката администрација на Малта, а хотелот ќе додаде уште 100.Во сличен аранжман, оние што ќе се определат за хотел со четири везди, ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат хотел со три

ѕвезди, 100 евра.Податоците на Светскиот совет за патувања и туризам покажуваат дека туристичката индустрија директно и индиректно сочинува повеќе од 27 проценти од економијата на Малта, но тој сектор бил загрозен од пандемијата.

привлече повеќе од 2,7 милиони странски посетители во 2019 година, но бројките се намалија за повеќе од 80 проценти од почетокот на пандемијата на вирусот корона во март 2020 година.

By Author