Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва свика итен состанок на владата во врска со немирите низ Франција кои траат веќе пет дена по убиството на тинејџер од алжирско и мароканско потекло во предградијата на Париз.
Состанокот се одржал во кризниот центар за вонредни состојби на МВР во Париз, јави Би-Би-Си.
Макрон се сретна со министри и безбедносни претставници.
На средбата присуствуваа и премиерката Елизабет Борн, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен и министерот за правда Ерик Дупон-Морети.
Вечерва низ целата земја се распоредени 45.000 полицајци и жандарми во обид да ги смират немирите кои траат пет ноќи по ред.
Извори блиски до министерот изјавија дека Дарменен им дал „строги упатства“ на полициските сили и побарал од нив да ги уапсат оние што го нарушуваат јавниот ред и мир, како и претходните ноќи, пренесува Бета.
Многу општини низ Франција воведоа полициски час за да се спречи насилството, како и прекин на јавниот превоз во текот на ноќта.
Немирите траат низ Франција од вторникот, кога полицаец застрела и уби 17-годишно момче кое, наводно, не сопрело автомобил.