Лутите ривалки Јелена Крлеуша и Светлана Цеца Ржњатович, најчесто се среќаваат по судовите поради меѓусебни оптужби. Денес повторно по втор пат се сретнаа после повеќе од десет години, но во поинакво опкружување.
Крлеуша и Цеца се појавија кон крајот на септември во исто време на погребот на текстописецот Марина Туцакович на Новите гробишта во Белград, а сега повторно на погребот на политичарот и партнер на пеачката Ана Бекута Милутин Мркоњич. Крлеуша се појавила видно потресена и расплакана.
Ова воедно е само втор пат двете пеачки после многу долг период да се сретнат во јавен простор надвор од судница.
Покрај нив двете денес на белградските Нови гробишта се собраа припадници на политичката и естрадната сцена како би му одале почит на починатиот почесен председател СПС и народниот пратеник.
На последното испраќање на Милутин Мркоњич сепојавија и Расим Лаич, Јошка Броз, Душко Вујошевич, Владе Дивац ,Предраг Данилович, но и личности од естрадата како Драган Коич Кеба со сопругата Оља, вдовицата на Шабан Шаулич, Мина Костич,Аца пејович…..
Некогашниот министер,почесен председател на партијата СПС и пратеник во Собранието на Србија Милутин Мркоњич почина на 27 ноември во 79 година.