Кокосовото масло конечно во предходните неколку години го доби вниманието што го заслужува. Од белеење на забите преку слабеење до нега на кожата и косата.

Познато е дека кокосовото масло може да направи чуда и за кожата и за косата. Меѓутоа, ако не се користи правилно, кокосовото масло може да ја оштети косата.

Кога се нанесува на кожата, кокосовото масло создава заштитен слој, што значи дека ги задржува добрите нешта внатре, притоа не дозволувајќи им на лошите да навлезат во кожата.

Поради оваа причина, може да настане проблем ако го користите на сува кожа на главата, бидејќи тогаш слој од масло не дозволува водата да навлезе до скалпот, што може да ја направи косата многу сува и кршлива.

Ако по користењето на кокосово масло не сте добиле мека и поздрава коса, туку сосема спротивно, не сте го користеле правилно.

Затоа, кокосовото масло треба да се користи само на влажна коса.

Измијте ја косата и немојте да ја сушите со фен. Косата измасирајте ја со растопеното масло, потоа ставете капа за туширање и замотајте ја во крпа. Оставете да делува пола саат ако имате време и подолго. Потоа добро измијте ја.

Имено, кокосовото масло треба добро да се измие, а по потреба косата по нанесувањето да се измие двапати со шампон. Користете благи шампони.

Друга причина за кршлива и сува коса при користење на кокосово масло е лошото плакнење на косата.

Многу е важно да се обрне внимание на темелно миење на косата.

By Author