Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави денеска дека Северна Кореја треба да биде подготвена да изврши нуклеарни напади во секое време за да ја одврати заканата од војна.

Ким ги обвини САД и Јужна Кореја за проширување на заедничките воени вежби, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Забелешките на Ким дојдоа откако Пјонгјанг, како што објави KCNA, „спроведе нуклеарни тактички вежби со цел да испрати силни предупредувања“ до САД и Јужна Кореја.

Во вежбите балистичката ракета прелетала 800 километри пред да погоди цел на височина од 800 метри според исцениран тактички нуклеарен напад, објави КЦНА, а пренесе Ројтерс.

By Author