Омилен пијалок во повеќето домаќинства – кафето не може да ве отрезни! Со години се дебатира дали кафето ги ублажува ефектите на алкохолот и пијанството. За жал, за секој кој сака да се опушти и да пие, одговорот е не
Научниците од Универзитетот за медицински науки во Арканзас заклучија дека кафето не го исфрла алкохолот од телото!
– Ако имате процент на алкохол во крвта над дозволената граница, можете да пиете кафе колку што сакате и нивото на алкохол нема магично да ви падне, ниту пак побрзо отколку што ќе падне доколку не сте го испиле. Тестиравме луѓе кои имале алкохол во крвта. На половина им дадовме кафе, на другата половина не. Оние кои пиеле кафе имале подобри резултати на тестовите за концентрација, па заклучивме дека со децении се сметало дека кафето отрезнува поради оваа причина – според американските научници.
Пред се поради возењето, заблудата дека кафето трезни може да биде опасно, а и самите знаете колку пати сте виделе на прослава како гостите пред да си одат дома по многу алкохол посегнуваат по кафе и седнуват во автомобил. Затоа, не заборавајте на зборовите на научниците и земете такси, бидејќи единствениот начин да се отрезните е да помине одредено време, а колку многу открива професорот Ентони Мос, кој се занимава со болести на зависност на Универзитетот во Лондон.
– Потребни се два до три часа за да се исчисти системот од чаша пиво, а половина шише вино останува во телото до пет часа – открива Мос.