Еден од најдоминантните проблеми во последните недели е вирусот кој постојано ги нервира жителите на нашата земја. Доколку студеното време и променилвите температури сте ги дочекале неподготвени, постои начин како да го поминете што побезболно и поздраво овој периогдодека не исчезнат исцрпувачките напасти од воздухот.
За успешно да се справите со настинките и грипот или да ги избегнете што би рекол нашиот народ како дожд околу Крагуевац, важно е да го одржите вашиот имунитет на највисоко можно ниво. Покрај земање суплементи (додатоци во исхраната), имајте го на ум напитокот кој ќе им го зададе последниот удар на вирусите и ќе го зајакне имунолошкиот систем.
Не ви треба чудо, туку неколку состојки кои ќе ви овозможат две шолји напиток.
- корен од ѓумбир
- 4 каранфилчиња
- половина стапче цимет
- цел лимон
- мед
- 4 dl вода
Излупете го и исечкајте го ѓумбирот, па заедно со каранфилчето и циметот ставете го во ладна вода. Гответе го напитокот на тивок оган 10 минути. Се трга од оган, се покрива и се остава да отстои уште 20 минути. Процедете, истурете во чаши и по потреба засладете го и додадете малку лимон. Напитокот пијте го додека е топол, никогаш не жежок или кога е целосно изладен.