Болеста предизвикана од Марбург вирусот започнува ненадејно, со висока температура, силна главоболка и силна слабост. Многу пациенти развиваат тешки симптоми во рок од седум дена.
Светската здравствена организација (СЗО) свика итен состанок и собра експерти од целиот свет за да разговараат за избувнувањето на една од најсмртоносните болести во Африка, а тоа е забрзувањето на развојот на вакцини и лекови за вирусот Марбург. Станува збор за моментално неизлечива болест која има стапка на смртност и до 88 проценти.
Поради вирусот девет лица починаа во Екваторијална Гвинеја, во првата епидемија во таа централноафриканска земја, а се верува дека се заразени уште над дваесет, пренесува Вечерњи.хр.
Експертите утврдија дека може да поминат месеци пред да бидат достапни ефективна вакцина и лек, имајќи предвид дека производителите ќе треба да соберат материјали и да спроведат испитувања. Сепак, многумина веруваат дека вирусот брзо ќе биде стопиран и под контрола пред да предизвика поголема штета.
„Надзорот на теренот е засилен“, рече Џорџ Амех, претставник на СЗО во Екваторијална Гвинеја, за време на состанокот.
Според информациите на СЗО, пријавени се девет смртни случаи и околу 25 сомнителни случаи со симптоми како треска, замор, повраќање со крв и дијареа.
Како што наведуваат од оваа организација, „во тек се натамошни истраги“. Тимови се распоредени во погодените области за да ги следат контактите, да ги изолираат и да обезбедат медицинска помош на оние кои покажуваат симптоми на болеста.
„Вирусот Марбург е многу заразен. Благодарение на брзата и решителна акција на властите на Екваторијална Гвинеја во потврдувањето на болеста, и итна реакција благодарение на која можеме да спасиме животи и да го запреме вирусот што е можно поскоро“, изјави д-р Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка.
Болеста предизвикана од Марбург вирусот започнува ненадејно, со висока температура, силна главоболка и силна слабост. Многу пациенти развиваат тешки симптоми во рок од седум дена. Вирусот се пренесува преку овошни лилјаци и се шири меѓу луѓето преку директен контакт со телесни течности, површини и материјали.
Нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за лекување на вирусот. Сепак, третманот на специфични симптоми може да го подобри преживувањето.