Во текот на вчерашниот ден (05.04.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 269 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 25 возачи за возење без возачка дозвола, а шест возила биле со неисправен уред за сопирање…
На вонреден технички преглед биле упатени 65 возила, а кај 14 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.