На 05.04.2023 во 11.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Т.(31) од Велес.

Тој бил осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик. O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната-соопштуваат од МВР.
 

By Author