Конфликтот во Украина Западот го гледа како видео игра со мисии и бонуси, изјави неименуван офицер на украинската армија, коментирајќи ја старата воена опрема што западните земји му ја испорачуваат на Киев, пишува „Вашингтон пост“.
Имено, тој на новинарите на американскиот весник им го покажа американското оружје кое го користи украинската армија, а веќе не е во употреба во американската армија.
Коментирајќи го тоа оружје, тој рече дека тоа создава впечаток дека Западот всушност измислил видео игра во која е неопходно да се „заработи бонуси“ со испорака на застарено оружје.
– Секоја успешна мисија ни отвора нешто ново и ни овозможува да стекнеме нови знаења. Сепак, за нас е комплицирано – додаде тој.
(Спутник)