Ноември пристигна, а со тоа и повеќето тмурни денови, а она што е посебно за овие денови е можноста да се истакнете со ефектни бои. А тоа важи и кога станува збор за маникир.

Есента е време на заситени бои. Ќе се запрашате, какви бои се овие? Боите на природата токму тие што се прелеваат на листовите што паѓаат од гранките. Овие бои може да се видат во есенскиот внатрешен и надворешен декор.

Со секоја есенска и зимска модна комбинација важно е да имате соодветен маникир, а омилена боја за ноември е нијансата на зрела слива.

Кога зборуваме за маникир кој е идеален за есенските и зимските месеци, секогаш се истакнуваат темните и досадни бои. А токму тие бои ги карактеризираат студените месеци од годината.

Затоа и не е чудно што омилената боја на ноември е најтемната виолетова нијанса, односно зрелата слива.

Покрај тоа што изгледа одлично со секоја модна комбинација, се вклопува и во празничниот дух кој допрва доаѓа.

Најдете го вашиот омилен лак во оваа боја, кој сигурно ќе одговара на секој џемпер, капут и фустан.

By Author