„Москва веќе јасно стави до знаење дека нема да им испорача нафта на оние земји кои го поддржуваат ограничувањето на цените на пазарот“, напиша Улjанов.

Русија ќе престане да испорачува нафта во европските земји откако Европската унија се согласи да ја воведе горната граница на цените на Руската нафта, изјави постојан руски претставник во меѓународните организации во Виена Михаил Улјанов.

„Почнувајќи од оваа година, Европа ќе живее без руска нафта. Москва веќе јасно стави до знаење дека нема да испорача нафта на оние земји кои подржуваат антипазарно ограничување на цените“, напиша Улјанов на Телеграм, пренесува Тас.

Рускиот претставник рече дека ЕУ наскоро ќе ја обвини Русија дека ја користи нафта како оружје. Во петокот, Европската унија официјално ја потврди одлуката за воведување ограничување на цените на нафтата која се транспортира по морето од Русија во износ од 60 долари за барел од утре 5 декември.

By Author