Ладното време е одличен изговор за да си направиме топло чоколадо да се загрееме. Ви откриваме брз и лесен рецепт за најслаткиот топол напиток, а може да го консумираат и личности кои постат и вегани.
Потребни состојки за четири лица:
4 шољи бадемово млеко 4 лажици какао прав 2 лажици кокосов шекер(може и обичен) 1 лажица густин 1 шоља рендано црно чоколадо 2 лажички екстрат од ванила прстофат сол
Припрема:
1.Ставете го млекото, какаото, шекерот,густинот и ренданата чоколада во еден помал сад и добро промешајте ги.
2.Загрејте ја смесата на умерена температура, пазејќи да не проврие. Постојано мешајте додека не добиете мазна и кремаста текстура.
3. На крај додадете го екстратот од ванила и посолете
4.Напитокот ставете го во шољите и по желбата можете да додадет сматена слатка павлака или шлаг,ливчиња од бадеми и какао прав.