“Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби.-Пауло Коељо”

ОВЕН
Работа: Без оглед на предизвиците што ги имате денес, со голема леснотија ќе ги надминете.

Љубов: Денеска ќе бидете одлично расположени и тоа секако треба да ве мотивира да заблескате во некоја конкретна акција и на љубовен план. Уживајте.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
За повеќето Бикови продолжува периодот на поволни деловни околности. Пред вас е релаксиран и мирен работен ден.

Љубов: Може да бидете опуштени и во љубовната сфера доколку прифатите покана за дружење од личност која неодамна сте ја запознале. Не размислувај премногу.

Здравје: Можна чувствителност на грлото.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Иако уште од самиот почеток ќе имате бројни обврски поврзани со комуникацијата и организацијата, не би требало да има причина за грижа доколку се здружите со некој од соработниците на кои им верувате.

Љубов: Ништо нема да може да ја наруши денешната хармонична љубовна атмосфера.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Денес Раковите би можеле да имаат поитни лични обврски отколку деловни. И тоа мора да се реши.

Љубов: Можеби не е сè одлично, но не е толку лошо ниту на вашиот емотивен план. Бидете опуштени и позитивни и можете да го очекувате истото за возврат.

Здравје: Чувствителност на кожата, можни алергиски реакции.

ЛАВ
Работа:
На Лавовите им претстои одличен почеток, па се очекува да го наметнат своето енергично темпо на луѓето со кои работат. Можно е пократко службено патување.

Љубов: Може да влезете во интересна преписка со некој од деловното опкружување.

Здравје: Одлично.

ДЕВИЦА
Работа:
Многу добар почеток на работа им претстои на Девиците кои ги користат своите комуникациски вештини и пред се прецизност да се справат со секоја пречка што ќе им се најде на патот.

Љубов: Подарете нешто убаво на личноста за која се грижите, бидете креативни кога е изборот во прашање.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
Денес ќе го имате најдобриот можен почеток во која било работа што ќе ви падне во рака. Само напред.

Љубов: Што се однесува до љубовта, можеби сè нема да оди како што вие би сакале или како што очекувате, некои работи треба да се преиспитаат.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Од самиот почеток можете да очекувате дарежлива помош и поддршка од колегите, па што и да правите нема да ви биде тешко.

Љубов: Заедно излегување во кино, театар би можеле да бидат полн погодок овој понеделник. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Се што беше контроверзно или ве кочеше во претходните денови, денес ќе почне да се средува и да си доаѓа на свое место, па ќе бидете повеќе од задоволни од резултатите.

Љубов: Со доза на флексибилност и малку такт ги имате сите шанси да измазнете некои недоразбирања од претходниот период.

Здравје: Сосема солидно.

ЈАРЕЦ
Работа:
Денеска конечно би можеле да добиете пофалби од надлежните за претходно вложениот труд и нерви. Вие сте доказ дека упорноста и истрајноста секогаш се исплатат.

Љубов: Без некои поголеми пресврти и настани на вашето емотивно поле. Во принцип, сè треба да биде во стабилни граници.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Иако е првиот работен ден во неделата, не треба да очекувате непријатности или куп обврски. Од вас се очекува да извршувате претежно стандардни задачи.

Љубов: Поволни се околностите за да уживате во опуштен, хармоничен ден со саканата личност.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа:
Рибите на самиот почеток на оваа работна недела треба да се позанимаваат со подмирување на неподмирените обврски, правни, формални, а со тоа и да завршат дел обврските кои се провлекуваат подолг временски период.

Љубов: Бидете креативни и имагинативни, денес можно е страстите малку повеќе да ве понесат.

Здравје: Одлично.

By Author