ОВЕН
Работа: Можни се проблеми со хартиите, или со некои договори, кои ќе бараат посебно внимание и посветеност од вас.
Љубов: Не се гушете себеси со одредени ситуации и луѓе кои не ве задоволуваат и ви ја трошат енергијата.
Здравје: Напнатост, стрес.
БИК
Работа: Иако денес сè може да оди со побавно темпо отколку што сакате, нема причина да се грижите, ќе успеете да завршите се.
Љубов: Доколку ве мачат одредени дилеми и сомнежи, имате поволна можност заеднички да ги решите.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекуваат важни зделки, контакти со луѓе кои ве слушаат и разбираат, па не ја пропуштајте можноста да се покажете во вистинско светло.
Љубов: Нема значајни промени во однос на претходната состојба на вашиот љубовен живот. Близнаците денес имаат солидни услови за лесно кокетство, флертување.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Не си давајте паузи и предолги интервали за одмор и релаксација, внимавајте на роковите за завршување на договорените работи.
Љубов: Слободни Ракови, ова е поволен период за почеток, излегувања, дружење со пријателите, социјалните мрежи се во оптек.
Здравје: Пазете се од вирусни инфекции, настинки.
ЛАВ
Работа: Можни се доцнења или недоразбирања во комуникацијата со најблиските соработници. Биди стрплив.
Љубов: Денес ќе уживате во секакви собири и дружења. Затоа не треба да имате дилеми како ќе ги поминете заедничките моменти.
Здравје: Пазете се од настинки.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците не очекуваат некои поголеми пресврти и промени што се однесува до работата. Бидете малку потрпеливи, многу брзо треба да започнат некои ситуации, некои поконкретни акции и планови.
Љубов: Доколку планирате заедничко патување во странство, поволен момент е тоа да се оствари.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: За Вагите претстои многу добар работен ден. Постои можност успешно да реализирате некои планови кои сте ги започнале порано.
Љубов: За оние кои се во емотивни врски, многу работи се одвиваат во мирен, стабилен ритам, но тоа не е досадно и тоа е најважно.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Сè што сте започнале порано, во кое сте се ангажирале и вложивте огромна енергија, сега веќе ги добива своите позитивни епилози.
Љубов: Околу вас има позитивно опкружување, не ви преостанува ништо друго освен да се вклучите и да придонесете со својата енергија ситуацијата да биде уште попозитивна.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Почетокот на неделата може да донесе подобрување во комуникацијата со претпоставените на Стрелецот, но и конкретен почеток на се што беше застиј во претходниот период.
Љубов: Полека работите се кристализираат и си доаѓаат на свое место, искористете го секој момент за да ја подобрите комуникацијата и да изградите стабилна врска.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Она со што дефинитивно ќе можете да бидете задоволни е фактот што успеавте да решите некои навистина големи проекти и обврски, или некои заостатоци и конечно да ставите крај на нив.
Љубов: Се препорачува да поминувате повеќе време заедно, да се дружите со пријателите и едноставно да уживате еден со друг.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Претстои прилично напорна работна недела за Водолиите. Односот со најблиските соработници и колеги може да се влоши, без разлика колку вие и другата страна се обидувате да најдете заеднички јазик.
Љубов: Ве очекуваат пријатни изненадувања, излегувајте повеќе, раздвижете се и дружете се со пријателите.
Здравје: Ви треба повеќе одмор и релаксација.
РИБА
Работа: Може да има големи проблеми во организацијата на работата, како и многу недоразбирања во комуникацијата со соработниците.
Љубов: Ве очекува повеќе или помалку стабилна ситуација и на вашето љубовно поле. Така треба да остане до крајот на денот.
Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.