Престанувањето со употребата на дезодоранси може дури и позитивно да влијае на намалување на непријатните мириси при потење.

Ако утрото го започнувате со туширање и миење заби, тогаш сигурно не ви е чудно веднаш по туширањето да нанесете дезодоранс за да ви започне денот миризливо. Но, иако повеќето од нас не можат да си го замислат работниот ден без употреба на дезодоранси, не сме сигурни дека знаете дека прекумерната употреба може да направи повеќе штета на вашето тело отколку добро.

Состојките поради кои дезодорансот се лепи за вашата кожа може да бидат исклучително штетни за вашето здравје, на пример оние состојки кои прават мирисот на дезодорансот да трае долго може да го нарушат вашиот хормонален баланс, па дури и да доведат до разни репродуктивни здравствени проблеми.

Одлуката дека треба да престанете да користите дезодоранс можеби и не е толку лоша идеја бидејќи, верувале или не, тоа ќе ви помогне да го намалите мирисот на телото.

Колку и да звучи контрадикторно, кога ќе престанете да ставате стикови и антиперспиранти, вашето тело ќе произведува помалку непријатни мириси.

Дезодорансите користат антимикробни компоненти кои служат за убивање на бактериите во пазувите, но затоа им овозможуваат на другите бактерии да создадат што е можно повеќе непријатен мирис за да ги заменат оние кои ѓи нема. Кога нанесувате дезодоранс секој ден, всушност правите вашето тело да мириса понепријатно отколку што би било инаку.

Исто така, паузата од користењето дезодоранси ќе и помогне на вашата кожа да го врати својот природен микробиом.

Постојат безброј микроорганизми кои живеат на нашата кожа, а многу од нив се добри за здравјето на нашето тело, а производите што ги користиме против потење негативно влијаат на сите бактерии на нашето тело, вклучувајќи ги и оние добрите кои се неопходни за одржување на природниот микробиом. .

Истражувањата покажаа дека производите кои содржат алуминиум ги убиваат сите бактерии, а исто така можат да ги затнат потните жлезди.

Доколку не можете целосно да се откажете од ова помагало, обидете се да изберете некои од производите кои се на природна основа наместо оние кои содржат алуминиум.

Многумина од нас користат дезодоранси повеќе од навика, а големи се шансите да припаѓате на група луѓе на кои воопшто не им е потребен.

Научниците открија дека постои ген кој одредува дали луѓето ќе имаат одреден хемиски процес кој влијае на телото да испушта непријатен мирис. Некои луѓе го немаат овој ген, но сепак користат дезодоранс секој ден.

Ако ви се чини дека вашето тело ретко има непријатен мирис, можеби ќе треба да се одморите од разни препарати и да ги оставите своите пазуви на мир.


By Author