Прогноза за 17.11.2023
Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 °C до 8 °C , додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 °C до 14 °C.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Соопштуваат од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.