Прогноза за 16.09.2023

Променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. UV=5

Минималните температури ќе се движат од 11 °C до 17 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 22 °C до 33 °C

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author