Прогноза за 28.06.2023
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Од пладневните часови претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. UV=8
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 20 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 20 °C до 34 °C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.