Прогноза за 15.06.2023
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 17 °C , додека максималните ќе бидат во интервал од 16 °C до 27 °C
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град.
Соопштуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија.