Прогноза за 14.06.2023
Променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 9 °C до 16 °C , додека максималните ќе бидат во интервал од 19 °C до 28 °C.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.