Прогноза за 12.06.2023
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 9 °C до 17 °C, додека максиалните ќе бидат во распон од 16 °Cддо 27 °C.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.