Прогноза за 04.02.2023
Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре.
Мининималните температури ќе се движат од -8 °C до 0 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 0 °C до 12 °C.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.