Прогноза за 17.01.2023

Променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Снег ќе има само на повисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 1 °C до 8 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од  4 °C до  14 °C.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author