Прогноза за 15.12.2022
Во утринските часови со услови за појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно и особено претпладне со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 °C до 6 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 7 °C до 14 °C.
Во Скопје во раните утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла поизразена претпладне.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.