Прогноза за 15.10.2022
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 4 °C до 11 °C, додека максималните температури ќе се движат во интервал од 13 °C до 21 °C.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.