Прогноза за 10.08.2022
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Минималните температури ќе се движат од 11 °C до 20 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 24 °C до 36 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.