Владата на Чиле вчера прогласи вонредна состојба во областа Ла Арауканија, која покрај областите Бибио и Нубле, беше најтешко погодена од пожарите.
Во Чиле се уште горат десетици пожари, бројот на жртвите се искачи на 23, а речиси 1.000 луѓе се повредени, додека повеќе од 1.100 луѓе беа принудени да побараат засолниште од пожарот.
– Временските услови исклучително го отежнуваат гаснењето на пожарот, а ситуацијата е уште полоша – изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи на Чиле, Каролина Тоха, пренесува Танјуг.
Соопштено е дека владите на Шпанија, САД, Аргентина, Еквадор, Бразил и Венецуела понудиле помош во гаснењето на пожарот, пренесува Ројтерс.
Владата на Чиле вчера прогласи вонредна состојба во областа Ла Арауканија, која покрај областите Бибио и Нубла, беше најтешко погодена од пожарите.
Сите три региони се ретко населени и во нив главно живеат рурални домаќинства, насади со грозје, јаболка и бобинки, како и шумски области, додава Ројтерс.
Националната агенција за шумарство на Чиле (CONAF) вчера соопшти дека пожарникарите активно гасат 80 од вкупно 231 пожар, додека 151 пожар се под контрола.