Без многу труд уживајте во храната.
Состојки:
-50 грама млечен намаз
-150 грама кашкавал
-150 грама сланина
-100 грама пилешки гради (или некоја друга салама)
-100 грама сирење
-оригано
-неколку рибанчиња леб
Подготовка:
лепчињата се сечат во големина на калапчињата за мафини
Сланината и пилешките гради се сечкат на многу мали коцкички, додека кашкавалот и сирењето се рендат, а може и они да се исечат на коцки.
Во калпчиња за мафини ставете ги лепчињата исечени во соодветната големина, намачкани со млечен намаз и малку оригано.
Потоа врз нив ставете дел од кашкавалот, а над него сланината и така наредени ставете ги во рерна на 200 степени пет минути. Извадете ѓи и доставете го прво сирењето па саламата и на крајот остатокот од кашкавалот.
Вратете ѓи во рерната уште 3-4 минути и појадокот е готов.
Уживајте во вкусот