Кракен, специјална единица на одбранбената разузнавачка служба на украинското Министерство за одбрана, објави на Телеграм дека ја уништила автономната кула за набљудување Гренадиер во областа Брјанск во Русија, користејќи беспилотно летало.

„Користејќи беспилотно летало, разузнавачките сили на специјалната единица Кракен ја уништија автономната набљудувачка кула Гренадиер во областа Брјанск“, соопштија тие.

Прикачија и фотографија на која се гледа како се одвивала операцијата. Видеото покажува како успеале да ја урнат кулата во вториот обид. Специјалната единица Кракен не прецизираше кога точно се случила оваа операција, пренесува „Украинска правда“.

https://twitter.com/PaulJawin/status/1632621364317175810?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1632621364317175810%7Ctwgr%5Ec045d84e4935dd105d39df6aa553e09f22e4629e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2F%3Fp%3D5507926

Инаку, специјалната единица Кракен ја формираа ветерани на баталјонот Азов во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин во февруари минатата година започна инвазија на Украина. Единицата е именувана Кракен, по митско морско чудовиште.

Специјалната единица делува донекаде во сивата зона, известува Министерството за одбрана, но не е дел од украинските вооружени сили.

By Author