Грегори Копли, еден од водечките американски и светски воени аналитичари и стратези, во интервју за српска “Политика”.

„Ако овој конфликт беше само војна меѓу Русија и Украина, тој веќе ќе беше решен, но тоа е многу поширок конфликт што администрацијата на претседателот Џозеф Бајден го води против Руската Федерација.

Оваа одлука на претседателот Бајден доведе до нова поларизација на светот и создавање на вооружени блокови, а со тоа поттикна формирање на нов стратешки сојуз околу Русија, Кина, Иран и други. Она што ја предизвика војната во Украина беше инсистирањето на администрацијата на Бајден за проширување на НАТО до самите граници на Русија, што во најмала рака создаде „втора студена војна“.

Каде одиме со војната во Украина? Западот тврди дека целта во овој конфликт е да се избегне директен конфликт со Русија, иако реалноста изгледа поинаква.

На прашањето на Политика дали Србија треба да ги прифати западните предлози за Косово, аналитичарот вели:
Прифаќањето на овој план ќе стави крај на важноста на Србија. Франција и Германија се нетрпеливи да го решат косовското прашање, бидејќи во спротивно консолидацијата и влезот на Балканот во Европската унија би доцнела. Прашањето е зошто Србија треба да влезе во НАТО и ЕУ. И двете овие организации се распаѓаат.

By Author