Вечерва во Скопје во 19часот 44 минути кај Сити мол го изгуби животот 24 годишна девојка откако била удрена од автомобил.Од неофицијални извори дознаваме дека девојката која била во придружба на нејзиното 24 годишномомче е прегазена на пешачки премин.
Незгодата се случила кога автомобилот го претекнувал возилото кое запрало да ги пропушти пешаците.
Девојката од силината на ударот летнала неколку метри и по падот се здобила со смртни повреди.
Автомобилот марка Тојота бил управуван од возач роден 1999.
Шоферот на Тојотата по собраќајната несреќа останал да седи во возилото.