Деванши Сангви, девојче од Индија, кога имала само осум години одлучила дека не го сака богатството на нејзините родители вредно 50 милиони долари и тргнала по патот на верата и кога доволно ќе порасне да стане калуѓерка.
Како што изјавија родителите на девојчето за локалните медиуми, нивната ќерка требало да ја наследи дијамантската империја Сангви и синови со седиште во Сурат, Индија – која работи низ целиот свет и има годишен обрт од најмалку 50 милиони долари, пишува Мирор.
Сепак, тврдоглавото девојче го избрала живот во религиозна осаменост и почнала да го изучува „џаинизмот“ и планира да стане калуѓерка.
Семејството е веќе дел од древната џаин вера, која практикува љубов кон сите суштества, вегетаријанство и ненасилство.
Деванши веќе следи строга дневна рутина која вклучува три молитви дневно. Неодамна таа реши да ја скрати косата и раскошната облека да ја замени со бела памучна облека.
Поради нејзината одлука, целото семејно наследство најверојатно ќе биде оставено на нејзината помлада сестра Кави, која има пет години.
Патем, џаинизмот го практикуваат најпобожните следбеници – се проценува дека ги има околу четири милиони ширум светот.
Тие следат строги правила, кои вклучуваат само вегетаријанска исхрана и го преземаат секој чекор за да не му наштетат на кое било живо суштество.
Некои можеби одат дотаму што ќе ја поместат земјата пред себе за да избегнат газење на мали инсекти или да ја покријат устата за да случајно не голтнат мали бубачки.
Не е дозволено дури ни да се јаде корен зеленчук, бидејќи отстранувањето на корените од почвата би го убило растението.
Религијата исто така наложува следбениците да ја зборуваат вистината, да не крадат, да се воздржуваат од секс и да не се врзуваат за световните работи.